Skip to main content
Македонија, Хроника

Спречен шверц на 470 парчиња козметички производи и додатоци во исхрана

21/11/2026  11:04

Царински службеници спречија два обиди за шверц на вкупно 470 парчиња козметички производи, средства за лична хигиена и додатоци во исхрана во државава.

Случаите се откриени при детални контроли на патнички возила на влез во државата, на граничните премини Ќафасан и Меџитлија.

Во едниот случај се откриени 352 парчиња козметички производи и средства за лична хигиена, додека во вториот поголем број козметички производи и додатоци во исхрана од трговската марка „Nicer“.

Непријавената стока, чија вкупна вредност изнесува околу 149 илјади денари е запленета, а против сторителите се преземени соодветни постапки.