
На 20.11.2026 во 12:30 часот во атар на с. Слепче, општина Долнени полициски службеници од полициско одделение Ропотово го лишија од слобода В.К.(43) од Прилеп, бидејќи истиот бил затекнат како врши безправна сеча на огревни дрва не жигосани.
При преглед одземени биле 1,20 метри кубни огревно дрво и моторна пила, по што се предадени на шумска полиција.
По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.



