Skip to main content
Економија

Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки

21/11/2026  10:46

Граѓански обврзници од 4-тата Емисија граѓаните можат да запишат до 1 декември во филијалите и експозитурите на деловните банки во земјата.

Граѓаните можат да запишат минимум една Граѓанска обврзница во износ од 10.000 денари. Каматната стапка на граѓанската обврзница од оваа емисија е 4,6% и рок на доспевање 2 години. Датумот на достасување на обврзниците е 11 декември 2028 година. Каматата за првата година достасува на  11 декември 2027 и за втората година на 11  декември 2028 година.

Проспектот е објавен на 100 милиони денари. Аукцијата за 4-тата емисија Граѓанска обврзница ќе се реализира на 3 декември.

Министерството за финансии досега има издадено три емисии Граѓански обврзници. Првата емисија беше издадена на 13 јули 2023 година во износ од 23,5 милиони евра. Втората емисија беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра и третата емисија е издадена на 12 декември 2025 година во износ од 33 милиони евра. Граѓанските обврзници од првата и втората емисија заедно со каматата се исплатени во целост.