Skip to main content
Хроника

Шест возачи приведени, дел од нив пијани, без дозвола или возеле во спротивна насока

01/11/2026  12:25

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации на територијата на државата, полициски службеници лишиле од слобода шест возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, тројца управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Б.М.(34) од село Батинци, скопско, 16-годишник од село Морани, скопско, и Ф.К.(32) од село Големо Коњари, прилепско, кој истовремено управувал и под дејство на алкохол.

Под дејство на алкохол управувал и С.А.(53) од село Град, делчевско, кој претходно предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета.

А.А.(38) од Прилеп управувал возило и покрај активната забрана за управување со моторно возило, а истовремено бил и под дејство на алкохол.

М.Е.(66) од тетовско, пак, управувал патничко возило во спротивна насока.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.