Skip to main content
Македонија

Седумчлена делегација од Шведска што поминала низ слична трагедија доаѓа на помош во Кочани

14/06/2025  18:45

Support Kocani објавија дека од 16-18 јуни во Кочани ќе дојде тим од Гетеборг, Шведска.

Како лицата кои пред 27 години поминале низ ваква болка, се справиле со реалноста и повторно нашле надеж.

Запознајте го тимот од Гетеборг – сведоци на болка, но симболи на сила. Тие не доаѓаат во Кочани само како делегација, туку како луѓе што пред 27 години во пожар на дискотека го поминале најтешкото и научиле како од болката се раѓа надеж. Тимот на Support Кочани со гордост и отворени срца ги пречекува – за да споделиме искуства, сила и да градиме мостови на солидарност, објавија од Support Кочани.