Skip to main content
Македонија

Шакири: Политичарите често даваат демагошки одговори, уметност е да се извлече вистината

24/11/2026  21:51

Да се постави вистинското прашање и да се добие конкретен одговор е еден од најголемите предизвици во новинарството, истакна новинарот и колумнист Ерол Шакири во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Според Шакири, тоа е особено тешко во интервјуата со политичари, кои често прибегнуваат кон демагогија и ја заобиколуваат суштината на прашањето.

„Уметноста на нас новинарите е како за време на интервјуто да дојдеме до тој момент каде што ќе го извлечеме токму она што треба да го извлечеме. Тоа не е секогаш лесна работа, особено со политичарите“, посочи Шакири.

Тој нагласи дека новинарите и медиумските работници имаат професионална обврска да се борат за вистината и да ја пренесуваат до јавноста.