
Интензивни врнежи од снег се бележат на планинскиот превој Стража, на патниот правец од Маврово. Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на коловозот.
Поради засилениот снегопад, на возачите им се препорачува да возат со зголемена внимателност и да ја приспособат брзината на условите на патот. За возилата е задолжителна зимската опрема.



