
Зошто е потребна нова српска политичка партија во Македонија, какви се нејзините цели и амбиции и каква улога ќе има на македонската политичка сцена?
На овие, но и на низа други актуелни политички прашања, вечерва во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ ќе одговара Саша Богдановиќ, претседател на Српската демократска лига и поранешен градоначалник на Општина Центар.
Во фокусот на разговорот ќе бидат причините за формирањето на новата политичка партија, положбата и политичката застапеност на српската заедница во Македонија, како и идните планови на Српската демократска лига.
Дали постојните политички партии доволно ги застапуваат интересите на српската заедница? Дали новата партија ќе настапува самостојно или ќе бара коалициски партнери? Какви се нејзините односи со власта и опозицијата и дали има амбиции за учество на следните парламентарни избори?
Со Богдановиќ ќе разговараме и за неговото политичко минато, искуството како градоначалник на Центар, актуелните политички случувања во земјата, како и за македонско-српските односи.
Следете го вечерашното издание на „Ноќно студио“ на 4ТВ.

