Skip to main content
Македонија

СДСМ утре ќе го бира новото раководство

15/12/2025  09:02

Лидерот на СДСМ Венко Филипче најави дека утре ќе биде познато новото раководство на партијата откако на негово барање на почетокот на декември оставка поднесе целото раководство.

– Тука ќе се избере новото партиско раководство – новите потпретседатели и новите членови на Извршниот одбор. Практично една нова сила во партијата, една комбинација на искусни и млади кадри, изјави Филипче додавајќи дека отвараат широк фронт со граѓаните, политичките чинители и граѓанскиот сектор за да се стави крај, на како што рече, криминалната власт.

На 2 декември на барање на претседателот на партијата, оставка поднесе целото раководство на СДСМ.  

– Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје. Следува период на кадровско освежување и зајакнување,  вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ, соопштија тогаш од партијата.