Skip to main content
Македонија

Богдановиќ: Вучиќ ужива голема доверба кај граѓаните во Македонија

24/11/2026  21:10

Српскиот претседател Александар Вучиќ ужива голема доверба кај граѓаните во Македонија, без оглед на нивната етничка припадност, оцени Саша Богдановиќ во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Богдановиќ ја поврза таа доверба со поддршката што Србија ѝ ја давала на Македонија во изминатите години. Како примери ги посочи обезбедувањето вакцини и помошта при гаснењето пожари. Решавањето на црковниот спор, според него, дополнително ги зближило двата народа.