
Вкупната потрошувачка на електрична енергија во земјава во септември 2026 година изнесувала 448.847 мегават-часови (MWh), на природен гас 15,494 милиони нормални кубни метри (nm³), на јаглен 170.079 тони и на нафтени продукти 92.599 тони, покажуваат податоците на Државниот за статистика.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествувало со 96,6 проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија.
Од вкупната потрошувачка на јаглен, 99,9 проценти биле употребени за производство на електрична енергија.
Споредено со септември минатата година, потрошувачката на природен гас во септември 2026 година е намалена за 22,6 проценти, додека потрошувачката на нафтени продукти бележи намалување од 2,8 проценти.
