
Транспортерите денес пред седиштето на Европската унија во Скопје ќе одржат протест испраќајќи пораки од Унијата да им го олесни пристапот на транспортерите од Западен Балкан откако беа воведени посебни правила во Шенген зоната.
Транспортерите бараат престојот да не им биде ограничен на 90 дена во последните 180 денови како што тоа е случај со граѓаните.
Утре, според најавите од превозниците, треба да имаат состанок во Брисел, а со денешниот протест сакаат да испратат апел до ЕУ да им го олесни движењето во Шенген зоната со што ќе можат непречено да работат.
Ако веќе не може да бидат изземени од ова правило, како што е случај со машиновозачите и пилотите, тогаш бараат наместо во денови, нивниот престој да се брои во часови и минути.
Освен во Македонија, транспортерите истовремено ќе протестираат и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
