Skip to main content
Македонија

Нова потрага по исчезнатиот гостиварец, екипите го пребаруваат Вардар 

22/11/2026  17:02

Спасувачките екипи повторно го пребаруваат Вардар кај Гостивар во потрага по 27-годишниот Шемо Шабани. Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) по вторпат ги ангажираше специјализираните тимови, на барање на Министерството за внатрешни работи. 

Во акцијата е вклучен Тимот за брз одговор за спасување на води, со логистичка поддршка од подрачното одделение на ДЗС во Гостивар. Екипите ги пребаруваат критичните точки долж реката во градот и продолжуваат низводно, во координација со полицијата и локалните служби. 

Шабани исчезнал на 13 октомври. Според пријавата на неговото семејство, тој тој ден излегол од дома и не се вратил. Потрагата е насочена кон Вардар по информации дека бил забележан во близина на реката.