
19-годишен жител на Тетово е пријавен за исчезнат, откако неговата баба пријавила во полиција дека се оддалечил од домот и оттогаш не е пронајден.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 11 август во 16:30 часот во СВР Тетово.
З.А.(64) пријавила дека нејзиниот внук С.А.(19) на 10 август се оддалечил од домот, по што му се губи трагата.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за негово пронаоѓање.



