
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови се очекува нестабилност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Наместа се можни поинтензивни невремиња со обилен дожд, над 15 литри на квадратен метар, ветер посилен од 60 километри на час и можна појава на град.
Утринските температури ќе се движат од 13 до 19 степени, а дневните ќе достигнат од 22 до 34 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината се можни краткотрајно невреме и град, а температурата ќе се движи од 16 до 30 степени.
Според УХМР, од викендот и во првата половина од следната работна седмица се очекува стабилно и претежно сончево време. Во сабота ќе дува силен северен ветер, кој во следните денови ќе биде умерен до засилен.

