Skip to main content
Хроника

Италијанка приведена во Градски парк во Скопје, нападнала полицаец

03/07/2026  09:04

Деветнаесетгодишна државјанка на Италија е приведена рано утринава во Градскиот парк во Скопје, откако физички нападнала полициски службеник при извршување службени дејствија.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 2 јули 2026 година, околу 04:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Г.Ф. (19) од Италија.

При преземањето на службените мерки било утврдено и дека италијанската државјанка нема регулиран престој во државата.

По целосното документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.