
Три лица се лишени од слобода под сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“ на територијата на скопската населба Чаир.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска (02.07.2026) на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Џ.Џ., А.А. и Ф.Љ., поради сомнение дека се поврзани со палење на багер.
Според информациите, на 1 јули околу 23:20 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека во отпад за секундарни суровини на подрачјето на Чаир избувнал пожар, при што бил запален багер.
Веднаш по пријавата, полициските службеници забележале патничко возило „БМВ“ со ресенски регистарски ознаки во кое се наоѓале осомничените лица, по што тие биле лишени од слобода.
По целосно документирање на случајот, против тројцата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

