Search

Куртоа со порака до Ван Гал: Кој си ти да зборуваш за голмани?

Некогашниот тренер на Манчестер Јунајтед го обвини Тибо Куртоа за поразот на Челси од Барселона во осмина-финалето од Лигата на шампионите.

„Натпреварот тргна наопаку за Челси после глупоста на Куртоа при првиот гол. Мислам дека тоа беше голема глупост. Да му беше тренер Франс Хоек (поранешен тренер на голманите во Манчестер Јунајтед), сигурно ќе ги составеше нозете. Тоа едноставно не смееше да се случи“, изјави Луј Ван Гал.

Сепак, Куртоа не остана пократок, па веднаш одговори на критиките на холандскиот тренер.

„Кога слушнав дека таканаречените експерти зборуваат, сфатив дека тие немаат врска со голманите. На пример, Луј Ван Гал не би требало да зборува за голманите“, изјави Тибо Куртоа.

Треба да знаете
Последни објави