Search

Петровска: Од “Никогаш северна, само Македонија” – ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статут

Од ДПМНЕ-овското “Никогаш Северна, само Македонија”, Мицковски го избриша името Македонија во статутот на партијата чиј претседател е, пишува на социјалните мрежи, министерката за одбрана Славјанка Петровска.

„Дафина Стојановска и пратеничката група на ДПМНЕ поддржаа и гласаа ЗА користење на името Северна Македонија во Армијата. Александар Николовски изјави дека не биле Талибанци па да прават проблеми околу името, а нивната кандидатка за Претседател, која патем ги изгуби потписите од граѓаните некаде по пат, изјави дека нема да се противат ако други не нарекуваат Северна, они ќе ќутат и ќе слушаат. Патриотизмот на ДПМНЕ пука по шавови…. Па нели ќе го сменевте името?

ТИК-ТАК, ТИК-ТАК…кој ли ќе биде прв што ќе го употреби името Северна? И колку брзо?„ се наведува во објавата на Пертровска.

Дали ќе правите нешто “округло, па на ќоше” како за амнестијата на Хашките случаи?

Треба да знаете
Последни објави