Search

Елиф Елмас му го подари својот дрес од ЕП на малиот Јане

Елмас беше прогласен за најдобар млад фудбалер во Македонија за сезоната 2016/17, а при подигањето на својата награда, го изненадија со неговиот сопствен дрес, кој си го заборавил во Полска, по последниот натпревар на Македонија, против Португалија.

Елмас го побарал од ФФМ, а оттаму се погрижиле да му го сочуваат, но замо десетина минути откако го доби Елмас му го подари на малиот Јане. Деветгодишното дете болно од спинална мускулна атрофија доби свои пет минути на сцената, а кога требаше да си замине, Елмас самоиницијативно се качи на сцената.

„Сакам мојот дрес да му го подарам на Јане“, рече Елмас.

Елиф Елмас уште на 18 години покажува колкав голем човек и колку широка душа има. На доделувањето на наградите на ФФМ, во македонскиот репрезентативец направи убав гест, подарувајќи му свој дрес на деветгодишниот Јане Велковски, детето кое стана македонски амбасадор на УЕФА во програмата „Игра за сите“.

Треба да знаете
Последни објави