Skip to main content
Македонија

Еден повреден пренесен со Брза помош во пресметка пред СЦ „Јане Сандански“

31/10/2026  23:58

Едно лице е повредено, а едно е приведено по физичка пресметка меѓу две навивачки групи вечерва во близина на спортскиот центар „Јане Сандански“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил околу 19 часот, кога членови на навивачката група „Фемили“ се упатиле кон салата, пред која околу педесет навивачи на кошаркарскиот клуб „Работнички“ чекале да влезат на натпревар.

Според МВР, помала група од „Фемили“, движејќи се по улицата „Васко Карангелески“, запалила пиротехнички средства, се приближила до навивачите на „Работнички“ и физички ги нападнала. По инцидентот, дел од учесниците се разбегале во различни насоки.

Повреденото лице со возило на Итната медицинска помош било пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.