Skip to main content
Хроника

Домашен притвор за три млади момчиња кои претепале млад скопјанец

17/12/2024  14:40

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода на 15.12. и 16.12.2024 на подрачјето на Кисела Вода ги лишиле од слобода М.С.(23), М.Б.(23) и Ф.М.(22), сите од Скопје.

Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, против лицата е поднесена кривична пријава по брза постапка, по што биле изведени пред судија на претходна постапка, кој им определил мерка домашен притвор.