Skip to main content
Македонија

Левица: Недостиг од лекови и колапс во јавното здравство – пациентите трпат додека Клековски тендерира

23/11/2026  17:44

Соопштение за јавност на Левица:

Овој застој што го создаде ДПМНЕ преку неплаќањето на обврските на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ги остави пациентите без терапија.

 Државата е најголем должник и со години ги пробива сите законски рокови кон веледрогериите и приватните здравствени установи, товарот од неодговорното управување го плаќаат исклучиво граѓаните.

Хронично болните и најранливите категории се оставени на милост и немилост – принудени со денови да талкаат по аптеки, да носат лекови од странство или да бидат враќани од клиниките затоа што нема лекови.

Бараме МЗ и ФЗО да објават колку точно им должат на веледрогериите, да направат оперативен план со државна веледрогерија и да понудат конкретен план за исплата на приватните.