
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против А.И.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
На 17.11.2026 на подрачјето на Куманово, кај место викано „Нато клучка“, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени пет мигранти од Непал, кои ги превезувал за одреден надомест.


