Skip to main content
Балкан

Вучиќ тврди дека добил смртни закани: „Ми стигна јасна порака дека ќе бидам ликвидиран“

23/11/2026  11:14

Александар Вучиќ изјави дека во неделата добил закани со убиство, тврдејќи дека му била испратена „јасна и недвосмислена порака“ дека ќе биде ликвидиран. Изјавата ја даде во утринската програма на телевизијата „Пинк“, објавија српските медиуми.

„Добив најтешки закани со убиство во текот на вчерашниот ден. Добив јасна и недвосмислена порака дека ќе бидам ликвидиран“, рече Вучиќ. Притоа ја критикуваше полицијата, оценувајќи дека е „непостоечка“. Во пренесената изјава не наведе кој ги испратил заканите, како ги добил и дали ги пријавил кај надлежните органи.

Во истото гостување Вучиќ го критикуваше и настапот на Студентската листа во Народното собрание. Тој ги обвини нејзините претставници за неискреност во претставувањето на нивната имотна состојба.