Skip to main content
Скопје

Девет години од поплавите во Стајковци

06/08/2025  13:13

На денешен ден пред девет години, скопските села Стајковци, Смилковци, Сингелиќ и Арачиново беа погодени од катастрофални поплави, во кои животот го загубија 22 луѓе.

Луѓе од целата држава, координирани од Црвениот крст, кризниот штаб и надлежните институции, во наредните денови се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите, а 8 август беше прогласен за Ден на жалост.