Skip to main content
Хроника

Уапсен возачот кој управуваше возило во спротивен правец во Скопје

21/11/2026  18:47

Денеска (21.11.2026) од страна на ПС ОН Карпош при СВР Скопје преземени се мерки и активности во врска со објаваено видео на социјалните мрежи на кое се гледа како едно лице управува патничко возило по бул.”Партизански Одреди” во спротивен правец. При тоа утврдено е дека лицето е И.Г.(87) од Скопје. И.Г. е лишен од слобода по член 297 а став 1 од Кривичниот законик.