Search

Бекам ја изненади јавноста со изборот за најдобар фудбалер: Три години играв со него, тој е најдобар на светот

Легендарниот англискиот фудбалер и поранешна ѕвезда која го носеше дресот со неколку одлични генерации на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и ПСЖ, Дејвид Бекам излезе со свој избор за тоа кој е најдобар фудбалер според неговиот избор.

– Од моја перспектива, каде тренирав и играв со многу добри фудбалери, само можам да ви кажам дека да играте и да тренирате рамо до рамо со Зинедин Зидан е исполнување на сонот. Имав можност три години да играм со него,а тоа за мене беше исполнување на сонот. Според мене тој дефинитивно е најдобриот фудбалер на сите времиња, – изјави Бекам.

Во кариерата, популарниот Французин два пати со Јувентус го освои ,,скудето’’во Серија А,интерконтиненталниот куп и Уефа Супер Купот, со Реал Мадрид ја има еднаш освоено Ла Лига и го освои шампионскиот трофеј на Лигата на шампиони додека со француската репрезентација го освои Светското првенство во 1998. Година и Европското првенство во 200 година. Три пати беше прогласуван за најдобар фудбалер според ФИФА во 1998 2000 и 2003 година.

Треба да знаете
Последни објави