Skip to main content
Спорт

Алкараз се изјасни: Надал ми е идол, а Ѓоковиќ е најдобриот

24/09/2026  16:44

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз во интервју за BBC зборуваше за историјата на тенисот. Тој напомена дека неговиот сонародник Рафаел Надал бил негов идол додека растел и сакал еден ден да биде како него.

„Ако ги погледнеме бројките, нема дилеми – Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња“, изјави Алкараз.

Бројките потврдуваат дека Ѓоковиќ има рекордни 24 Гренд слем титули, 40 титули на Мастерс турнири и 428 недели на првото место на АТП листата. Ги има освоени сите Гренд турнири, сите Мастерси завршниот Мастерс во два наврати и има златен олимписки медал.

Шпанскиот тенисер се подготвува за настап во Лондон во О2 арената од 25 до 27. септември, каде ќе го предводи Тимот на Европа на Левер купот. Покрај него ќе настапуваат уште: Александер Зверев, Каспер Руд, Јакуб Меншик, Флавио Коболи и Рафаел Ходар. Тимот на Свет ќе го предводи Тејлор Фриц, а ќе играат уште Алекс де Минор и Александер Бублик.