Skip to main content
Македонија

Јанчев од Левица: Барајте од другите пратеници поддршка за амандманот за прогласување на Кожуф за национален парк

07/07/2025  09:02

Соопштение за јавност на Левица:

Јанчев преку социјалните мрежи упати и директен апел до граѓаните: 

– Во Собранието почнува амандманската расправа на ребалансот на Буџетот. Контактирајте ги пратениците од вашите изборни единици  и барајте им подршка, барајте да го гласаат амандманот. Слободно можат и да се приклучат на амандманот како предлагачи. Ова е преголемо и пресериозно за чекање.

Инаку, иницијативата за прогласување на Кожув за национален парк беше покрената пред повеќе од година и половина од страна на планинарски и еколошки здруженија, како и професори од Природно-математичкиот факултет. На иницијативата се приклучија и општините Гевгелија, Демир Капија и Кавадарци. Но, и покрај поддршката и итноста, иницијативата веќе година и пол стои во место. 

Блокадата на Кожуф трае веќе 11 дена. Граѓаните не дозволуваат да продолжат градежните работи, а според пратеникот Јанчев ова е шанса да се спречи понатамошна еколошка катастрофа и да се зачува природна вредност од национално значење. 

-Кожуф мора да добие статус на национален парк– и тоа веднаш! – вели Јанчев.