Skip to main content
Економија

Бројот на странски туристи до март годинава зголемен за 6.9%

14/05/2026  10:55

Во март годинава во земјава се евидентирани 73 921 туристи кои оствариле 134 233 ноќевања, објави Државниот завод за статистика

Од вкупниот број туристи, 19.7 % се домашни, а 80.3 % се странски. Кај ноќевањата, пак,  26.5 % се од домашните, а 73.5 % од странските туристи.

Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.2 %. Кај домашните туристи има зголемување за 1.3 %, а кај странските за 6.9 %.

Вкупниот број на ноќевањата е намален за 0.3 %. Кај домашните туристи има пад за 1.2 %, а кај странските има зголемување за 0.2 %.