
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, осум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: Е.Ш.(20), Б.Б.(29), Д.П.(18), Е.М.(31), Р.Ј.(25) и Ј.Ќ.(40), сите од Скопје, како и Б.К.(61) од Кичево и И.Ч.(36) од Прилеп. Додека, пак, со активна забрана возеле 27-годишната Е.Д. и Б.Е.(27), двајцата од Скопје.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.


