Skip to main content
Хроника

71 годишен маж погоден од залутан куршум пред трговски центар во Сарај

06/09/2026  17:37

На 05.09.2026 во 13:43 во СВР Скопје, од Градска општа болница „8 Септември”- Скопје е пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје е донесен Х.Р.(71) од с.Кондово, скопско.

Според пријавеното, пред трговски центар на подрачјето на Општина Сарај, додека се движел накај неговото паркирано патничко возило, бил погоден од залутано зрно од огнено оружје.

Извршен е увид, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.