Search

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине

Во доиграниот натпревар од 32. коло во италијанската фудбалска Серија А, Рома во Удине го савлада домашниот Удинезе (1:2) со гол постигнат во петтата минута од судиското продолжение. Стрелец беше Кристанте кој со удар со глава по изведен корнер ја затресе мрежата на Удинезе. Денеска се доиграа преостанатите 18 минути од натпреварот кој беше прекинат во 72 минута на 14 април при резултат 1:1 поради здравствените проблеми кои ги имаше дефанзивецот на Рома, Ендика. Тој колабираше на теренот, по што натпреаврот беше прекинат. Овој дел од натпревар беше и деби за Фабио Канаваро на клупата на Удинезе.

Треба да знаете
Последни објави