Search

Пол-позицијата на Ферстапен во Мајами

Возачот на Ред Бул, Макс Fерстапен, ја освои својата шеста пол-позиција на исто толку трки оваа сезона.

Холанѓанецот беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Мајами.

За него ова е седма пол-позиција по ред и сега е на само еден до израмнување на рекордот на Аиртон Сена.

Ферстапен, кој неколку часа претходно триумфираше во спринтот на Флорида, ја забележа 38. пол-позиција во кариерата со круг од 1:27.241 минути.

Тој беше за 141 илјадитинки побрз од Шарл Леклер во Ферари.

Двајцата ги следеше вториот возач на италијанскиот тим Карлос Саинц кој заостануваше помалку од една десетинка зад својот тимски колега.

Шпанецот беше само пет илјадити делови од секундата побрз од Серхио Перез во Ред Бул.
Најдобар од останатите беше Ландо Норис во Мекларен, пред Оскар Пјастри и дуото на Мерцедес Џорџ Расел и Луис Хамилтон. Првите 10 ги комплетираа Нико Хулкенберг во болидот на Хаса и возачот на Тим РБ Јуки Цунода.

Стартот на трката за Големата награда на Мајами е закажан за вечерва во 22:00 часот по средноевропско време.

Треба да знаете
Последни објави