Search

Јокиќ по поразот од Минесота: Би сакал да имам клон за да можам малку да одморам

Бранителот на титулата во најсилната кошаркарска лига во светот НБА, Денвер е поразен од Минесота пред своите гледачи (99:106) на стартот од полуфиналната серија, кој прв до четири победи, во Западната конференција. Двократниот освојувач на признанието МВП, српскиот кошаркар Никола Јокиќ беше најефикасниот поединец во редовите на Денвер, но тоа не беше доволно за триумф на стартот од плеј-оф серијата. -Минесота е одлична екипа, покажа зошто во поголемиот дел од сезоната беше на водечката позиција на табелата – рече Јокиќ по поразот. Запрашан што треба да се подобри за вториот меч против истиот противник Јокиќ возврати: -Би сакал да имам идентичен клон, да можам да излезам и да се одморам, а тој да игра. Потоа ќе се вратам свеж и сè така.

Треба да знаете
Последни објави