Search

Синер го откажа настапот во Рим поради повреда на колкот

Разочарувачки вести за организаторите на Мастерсот во Рим – откако Карлос Алкараз го откажа својот настап, тоа го направи и вториот тенисер во светот Италијанецот Јаник Синер.

Шампионот на Австралија опен поради повреда на колкот со која се здоби пред неколку дена во Мадрид и му го предаде четвртфиналниот меч на Феликс Огер-Алиасиме, беше принуден да го откаже настапот и на домашниот Мастерс.

-Не е лесно да се напише оваа порака, очигледно е дека сум многу тажен што не се опоравив и морам да објавам дека нема да се вратам во Рим. Ви благодарам за вашите пораки и поддршка, кои многу ги ценам. Сега работам со мојот тим и лекарите за да бидам подготвен за Ролан Гарос – напиша Синер на социјалните мрежи.

Прв носител на Мастерсот во Рим кој започнува на 8 мај е најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.

Треба да знаете
Последни објави