Search

Тито Петковски: Според реториката на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не ми е јасно дали одиме на избори или во војна

„Едниот национализам директно го поттикнува другиот национализам, а тоа сега кулминира. Не знам дали на 8 мај сега одиме на избори или во војна“ рече поранешниот политичар Тито Петковски во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека Ахмети, кој обично е смирен и сталожен, реагира нервозно на националистичките вувузели од ВМРО-ДПМНЕ и скандира и се заканува со УЧК.

„Што е УЧК во потсвеста на Македонецот? Војска, војна. Заради стравот кај него проработи командантот на УЧК, а не Али Ахмети политичарот и социјалдемкорат“ рече Петковски.

Како што кажа тој има поттикнување на националистички идеи и односи во македонското општество, што резултира со конфликт.

„Секогаш кога ќе згусти во Македонија пред избори се креваат националистички тензии. Велемајстори во таа игра се ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Мислам дека и ќе си направат и влада“ рече Петковски.

Треба да знаете
Последни објави