Search

Луѓето во северниот дел на Појасот Газа се соочени со „целосно гладување“

Шефицата на Светската програма за храна на Обединетите нации (ОН), Синди Мекејн, предупреди дека луѓето во северниот дел на Појасот Газа сега се соочени со „целосно гладување“.

Таа за ТВ мрежата NBC изјави дека е тешко за гледање и дека катастрофалната ситуација се шири кон југ. „Има гладување, целосно гладување на север и се шири кон југ.

Тоа е ужас“, изјавила Синди Мекејн, пренесува Си-Ен-Ен. Таа додаде дека нејзината организација бара прекин на огнот и непречен пристап до Газа со цел да испорача хуманитарна помош.

Треба да знаете
Последни објави