Search

Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата!

Македонскиот кошаркарски интернационалец Ненад Димитријевиќ го доби признанието МВП во ВТБ лигата за регуларниот дел од сезоната 2023/24. Наградата Димитријевиќ ја доби пред денешниот меч помеѓу Уникс и Самара, втор од серијата во плеј-офот, во која тимот на македонскиот репрезентативец Уникс води со 1:0. Димитријевиќ сезонава одигра 35 натпревари за Уникс во регуларниот дел и имаше просек од 19 поени, 6,6 асистенции, 3,6 скокови и 1,3 украдени топки. Уникс за првпат заврши на првото место по регуларниот дел од сезоната.  -За мене е голема чест да ја добијам наградата за МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ Јунајтед Лигата 2023/24. Оваа година победивме на многу возбудливи натпревари и победивме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим УНИКС, на стручниот штаб предводен од Велимир Перасовиќ, на медицинскиот персонал и на нашите верни навивачи. Но, мојата најголема благодарност оди до моите соиграчи кои ми помогнаа да станам подобар играч, изјави Димитријевиќ.

Треба да знаете
Последни објави