Search

Германски поштар не доставил пошта четири години, дома чувал 30.000 пратки

Веќе поранешниот вработен во „Дојче Пост“ со години не доставувал пошта во германскиот град Папенбург, туку пратките ги чувал дома. По анонимна дојава на 2 јануари, компанијата повикала полиција, изјави портпаролката на Дојче пост за медиумите.

Портпаролката не даде никакви информации за точниот број на неиспорачаните пакети или временскиот период во кој поштарот ги собрал. Според истражувањето на споменатиот весник, во куќата на поштарот биле пронајдени околу 30.000 писма и дополнителни списанија кои не биле доставени во период од четири години. Според портпаролката на компанијата, поштарот повеќе не работи за нив.

Портпаролот на полицијата во Емсланд потврди дека е покрената истрага.

„Постојат планини од пошта за сортирање“, рече тој. Сепак, тој не соопшти никакви детали.

Според поштенската служба, пронајдените пратки сега се внимателно прегледани од Дојче Пост и со писмо за извинување се проследени до примателите.

„Доколку тоа не е можно во поединечни случаи, пакетите ќе му бидат вратени на испраќачот со писмо со објаснување“, изјави портпаролката на поштата.

Неодамна, вработен во пошта во Австрија беше осуден на десет месеци условна затворска казна поради злоупотреба на положбата бидејќи, според сопствените изјави, не доставил околу 14.000 писма и 263 службени документи.

Човекот ги собирал писмата од јуни 2022 година до април 2023 година во неговиот стан, во неговиот автомобил и во шкафче во базата за испорака. Делото го оправдувал со прекумерна работа, што довело до консумирање алкохол, но и приватни проблеми.

Треба да знаете
Последни објави