Search

Лауреат за МТФ Денови на комедија Куманово 2024 е актерот Сашко Коцев

Лауреат за МТФ Денови на комедија Куманово 2024 е актерот Сашко Коцев. Вака одлучи Советот на Фестивалот Денови на комедија Куманово во состав на: Сашо Тодоровски, Александра Михајловска Величковски, Владанка Крстевски, Крсто Богојевски, Сефедин Шабани и Цоки Ристовски. Востановената награда „Васил Иљоски“ се доделува за особен придонес во театарската уметност, посебно во делот на комедиографијата. Наградата на Сашко Коцев свечено ќе му биде доделена на отворањето на Фестивалот кон крајот на септември оваа година во Центар за култура Трајко Прокопиев Куманово.

Треба да знаете
Последни објави