Search

Денот на младоста ја наполни „Куќата на цвеќето“ во знак на сеќавање на Тито

Поминаа цели 44 години од смртта на доживотниот претседател на поранешната заедничка држава СФРЈ, Јосп Броз Тито. Почина на 4 мај 1980 година. Поминаа повеќе од 30 години од распадот на СФРЈ, но денеска 25 мај, Куќата на цвеќето во Белград каде е погребан Тито беше преполна со посетители. Пристигнаа гости од земјите на поранешна СФРЈ, а некои туристи од други европски земји. Паркираните автобуси со таблички од различни земји сведочат каде дошле туристите да го посетат гробот на Тито.
Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ) точно во 12 часот одржа протестен митинг пред музејот, наречен „Тито да остане, Гангула да оди“. Повод за овој протест е најавата на Александар Шапиќ дека Јосип Броз Тито ќе биде преместен од Куќата на цвеќето во Кумоврец. Иако Јосип Броз Тито е роден на 7 мај, неговиот роденден во Југославија се славеше на 25 мај. Празникот со кој се одбележува датумот на раѓање на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, беше најпопуларниот празник во поранешна Југославија. Препознатливиот симобол за овој ден беше „Штафета на младоста“. Генерации пионери, студенти и војници ја носеа илјадници километри повеке од еден месец низ целата земја, од Триглав до Гевгелија, за да му ја предадат на доживотниот претседател на поранешната држава. Централаната церемонија се оддржуваше на 25 мај на блеградскот стадион ЈНА со слет во кој учестувале пионери, младицни и припадници на сите гранки на армијата и морнарицата и свечено врачување на штафетата на Маршалот од страна на најдобрите ученици, млади работници и истакнати спортисти. Се до смртта на Тито штафетата му се додлеуваше лично. Во 1988 година беше направен последниот слет со што штафетата дефитивно замина во историја, а Југославија по три години почна да се распаѓа.

Треба да знаете
Последни објави