Search

Петровска: За Давкова и ВМРО-ДПМНЕ Македонија нема име

Откако новата претседателката Гордана Сиљановска Давкова не го користи уставното име на државата а по тие патеки тргнаа и од ВМРО-ДПМНЕ со свој коментар на социјалните мрежи се јави претседавачката на Централниот одбор на СДСМ и министерка за одбрана Славјанка Петровска.

,,Прво го избришаа името Македонија од статутот, а сега престанаа да го користат и во официјална комуникација. Македонија за нив нема име, нашата држава. Школски пример за газење на идентитет е да не го спомнуваш името на државата” пишува Петровска.

Треба да знаете
Последни објави