Search

Лазаров ги одбра 16-те ракометари за пресметката со Португалија

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров одлучи со кои избраници ќе и се спротивстави на Португалија во Скопје, на вечерашниот (19 ч.) квалификациски натпревар од Групата 1, за пласман на ЕП-2024.

Довербата од селекторот Лазаров ја добија:
Никола Митревски, Мартин Велковски, Цветан Кузмановски, Игор Ѓоргиев, Марко Митев, Мартин Томовски, Никола Маркоски, Филип Кузмановски, Ненад Костески, Томислав Јагуриновски, Иван Џонов, Марко Стојковиќ, Петар Атанасијевиќ, Мартин Серафимов, Костадин Петров и Марко Мишевски.

Натпреварот ќе се игра во салата на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ . Двете репрезентации во меѓусебната пресметка влегуваат со по две победи во првите две кола. 

Треба да знаете
Последни објави