Search

Газдата на ПСЖ вечерва ќе го менува Галтие, па ќе го враќа на клупата Тухел

Францускиот фудбалски гигант Пари Сен Жермен по новата неуспешна европска епизода во Лигата на шампионите, експресно ќе направи смена на тренерската позиција. Газдата Насер Ал Келаифи закажал за вечерва состанок на Бордот со една точка – смена на Криштоф Галтие.

Галтие дојде да го издигне клубот на ниво повисоко од претходно, ама не успеа во намерата за подолга европска авантура и изполнување на сонот за освојување на европска титула, па ќе биде најнова жртва на високите амбиции. ПСЖ загуби во осминафиналниот двомеч од елитното европско клупско натпреаврување ЛШ од Баерн Минхен (2:0 и 1:0).

Според информациите, Ал Келаифи закажал итен состанок со клупските структури за иднината на Галтие и тој ќе инсистира на итна смена на кормилото на тимот, а прва желба му е да го донесе повторно Томас Тухел, кого еднаш го набрка за неуспешна сезона, па Германецот донесе евопска титула во Челзи и потоа беше сменет со Грахам Потер на „Стемфорд бриџ“, па во моментов е без работа.

Галтие после елиминацијата од Баерн објави дека очекува да остане на клупата до крајот на сезоната.

Треба да знаете
Последни објави