Search

Лајпциг и се истури на Херта

Лајпциг кој немаше победа три натпревари по ред во фудбалската Бундеслига, денеска и9 се истури на Херта чија мрежа ја наполни со половина дузина голови – 6-0, во рамки на 6.коло. Кристофер Енкунку постигна два гола за домашниот тим, а по еднаш погодија Јусуф Поулсен, Норди Мукиеле, Емил Форсберг и Амаду Хајдара.

Хофенхајм со 3-1 го совлада Волфсбург и му го нанесе само првиот сезонски пораз.

Младиот Флоријан Вирц продолжува со сензационалните игри за Баер Леверкузен и денеска му донесе победа на својот тим од 1-0 против Мајнц благодарение на голот постигнат во 62.минута.

Унион Берлин ја совлада Арминија Билефелд 1:0, а Ајнтрахт Франкфурт и Келн ремизираа 1-1.

Треба да знаете
Последни објави