Search

Владата на Израел одлучи да ги затвори претставништвата на Ал Џезира во земјата

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата Влада едногласно одлучила да ги затвори локалните претставништва на катарската ТВ Ал Џезира. Одлуката Нетанјаху ја објави на платформата „Икс“, но кога ќе стапи на сила, и дали е трајно или привремено затворена – не е познато. Таквата одлука е ескалација на долгогодишното противење на Ал Џезира и се заканува да ја зголеми тензијата со Катар, сопственикот на телевизијата, во време кога Владата во Доха има клучна улога во посредувањето барем привремено да се прекине војната во Газа. Ал Џезира објавува снимки од воздушни напади, преполни болници и го обвинува Израел за масакр. Израелските лидери тврдат дека Ал Џезира соработува со Хамас.

Треба да знаете
Последни објави