Search

АВМУ: БЕСА врши притисок врз агенцијата

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и претседателот на Советот на Агенцијата реагираат на објавата на Движењето Беса, кои објавија дека е поднесена кривична пријава против агенцијата, заради „пречекорување на овластувањата и злоупотреба на службената должност, сакајќи да му наштети на Движењето БЕСА.

-Во Изборниот законик е точно утврдено дека право на изборна кампања имаат само учесниците во изборната кампања, а тоа се листи на кандидати за избор на пратеници кои се потврдени од Државната изборна комисија. Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) обезбедуваат време за платено политичко рекламирање само за овие учесници. Државната изборна комисија ја има потврдено листата на кандидати за изборите што ќе се одржат на 15 јули, според која Движење Беса – Беса е дел од Коалиција Можеме- стои во соопштението од АВМУ.

Оттаму, наведуваат дека, имајќи предвид дека оваа партија не настапува самостојно, може да добие време за платено политичко рекламирање само и исклучиво во минутите наменети за споменатата Коалиција.

-Нацрт верзија на упатството за лимитите за платено политичко рекламирање беше ставена на јавна расправа на 3 март и до неговото усвојување на 15 јуни, Беса немаше доставено ниту една забелешка. Упатството е донесено едногласно од сите членови на Советот на Агенцијата.
Изјавите за поднесена кривична пријава не може да сфатат никако поинаку освен како обид за притисок врз Агенцијата, особено пред утрешната седница за кога е предвидено донесување ново упатство за платено политичко рекламирање врз основа на последната Уредба на Владата која се однесува на изборниот процес- стои во соопштението од АВМУ.

Ова не е прв обид за притисок, велат оттаму, особено во специфични периоди како што се изборните. Како и досега, Агенцијата ќе продолжи да постапува професионално и законски и да води сметка за обезбедување рамноправен пристап до облиците на медиумско преставување на сите учесници во изборниот процес и нема да задоволува поединечни партиски интереси.

Треба да знаете
Последни објави