Search

МЕТЕО НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: И во следниот период многу нестабилно со чести врнежи и грмежи – Локално повторно ќе има појава на невреме

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од запад, и во следниот период во Македонија продолжува променливото време, со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено од пладневните часови па натаму.

Локално повторно ќе се создаваат услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, кој би можел да предизвика нови поројни поплавувања, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со локална појава на град.

И во Скопскиот регион во следниот период ќе има повремена појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме.

Што се однесува до температурите, тие и во следниот период остануваат без поголеми промени во однос на оние кои ги имавме до сега.

Во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, препорачуваме голема претпазливост, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Треба да знаете
Последни објави